На иста маса - но со различни проценки. Министерот Ставревски до година очекува значајно поевтини кредити, банкарите велат дека тоа нема да биде можно - поголем пад на каматите не треба да се очекува. Јас очекувам значително намалување на каматните стапки во текот на 2011-та, а се разбира тоа ќе оди постапно, меѓутоа очекувам да дојде до намалување на каматните стапки, бидејќи се создадени сите услови. Во почетокот на 2011-та нашите математики покажуваат дека нема да има поголемо драстично намалување на каматните стапки. Ќе има во делот на активните и кај населението и кај стопанството воглавном од она прилагодување на затезните камати и најголемата дозволена каматна стапка, ќе има намалување на дел од каматите кај делот од потрошувачките кредити од населението и кај најдобро рангираните стопански претпријатија.
На иста маса - но со различни проценки. Министерот Ставревски до година очекува значајно поевтини кредити, банкарите велат дека тоа нема да биде можно - поголем пад на каматите не треба да се очекува.
„Јас очекувам значително намалување на каматните стапки во текот на 2011-та, а се разбира тоа ќе оди постапно, меѓутоа очекувам да дојде до намалување на каматните стапки, бидејќи се создадени сите услови“, изјави Зоран Ставревски, Вицепремиер и министер за финансии.
„Во почетокот на 2011-та нашите математики покажуваат дека нема да има поголемо драстично намалување на каматните стапки. Ќе има во делот на активните и кај населението и кај стопанството воглавном од она прилагодување на затезните камати и најголемата дозволена каматна стапка, ќе има намалување на дел од каматите кај делот од потрошувачките кредити од населението и кај најдобро рангираните стопански претпријатија“, вели Хари Костов, Директор на Комерцијална банка.
Директорите на водечките банки му порачаа на Гошев да ја намали задолжителната резерва за 20% тина проценти за да се обезбеди поголем кредитен раст.
Ставревски ги поддржа во барањето. Иако банкарите велат дека кризата поминала, сепак немаат намера да се откажат од врзување на парите за записи наместо за кредити.
„Без обзир која ќе биде каматната стапка на благајничките и државните записи, не само во РМ, банките истите ќе ги купуваат за да ја одржат својата ликвидност. Прашање е, не само кое е нивото на благајничките записи, туку дали банките во случај на ликвидност на потреба, имаат пристап до кредитни линии од Централната банка“, изјави Глигор Бишев, Директор на Стопанска банка.
По Нова година, каматата на денарските кредити нема да биде поголема од 12%, додека кај девизните ќе зависи од повеќе услови.
Гувернерот Гошев сепак 2011-та смета дека ќе биде подобра банкарска година од оваа. Според првичните прогнози, кредитниот раст ќе се движи помеѓу 12 и 15 проценти.